5 причини зошто Adamantus
-
свежина на македонскиот пазар
На македонскиот пазар му беше потребна компанија која што ќе постави нови основи за работење и која што ќе воведе еден свеж пристап кон изведба и имплементација на решенија специфични за потребите на клиентот. -
трансфер на технологии
Адамантус е горд што може да каже дека е пионер во имплементирањето на технологии што се користат во светот и придонесува кон унапредување на истите. -
светски најдобрите дизајнери
Соработуваме со најдобрите дизајнери од светот, за дизајнот на вашиот продукт ќе се грижат луѓе со повеќе годишно искуство во дизајнирањето. -
иновација
Адамантус ги користи најновите технологии во интернет програмирањето и дизајнот на веб страни, а може да се пофали и како пионер и иноватор во некој области како во javascript програмирањето. -
одговараме на предизвиците
Во работата со модерната технологија секогаш се појавуваат проблеми кои што треба да се решат, Адамантус е со мотото “Ако го нема направено, ќе го измислиме”, не постојат проблеми кои што не можеме да ги надминеме.
Услуги
Малите бизниси кои користат Интернет растат за 68% побрзо отколку оние кои не користат. Нашиот оддел за развивање на веб страни, ви го нуди најдобриот дизајн и графичка обработка.
Најважно од се, ние го креираме вашиот веб сајт да биде ефективен. Нашиот пристап кон дизајнирањето е креирање сајт кој ќе покаже со што всушност се занимава вашиот бизнис, кои се производите или услугите што ги нуди, на прецизен, јасен и визуелен начин.
Не секој клиент ги има истите потреби , буџет и временски распоред, па затоа секогаш ги прилагодуваме нашите услуги за специфичните барања на секој клиент.
Нашите маркетинг услуги се прилагодени според потребите на вашата компанија. Внесуваме ниво на разбирање и увид во проблемите со кои се соочува вашата компанија и нудиме решенија кои ќе ве донесат поблиску до вашиот клиент.
Такви маркетинг услуги може да бидат веб дизајн, хостинг, регистрација на домеин, e-mail регистрација, дизајн на корпоративен идентитет (лого), дизајн на промотивна литература (каталози, брошури, памфлети, флаери итн.) дизајн на визит картички и сл.
Ние веруваме дека резултатите се дело на искусните тимови. Нашиот професионален тим од бизнис и технолошки консултанти ви нуди широк спектар на заења и вештини комбинирани со функционално и индустриско искуство за да им служи на комплексните консултантски потреби и потребите од стратегииско планирање на нашите клиенти за софтвер, веб страни, дизајн на бази на податоци, и развој на софтверски решшенија. Нудиме флексибилност која ќе ја пресретне разновидноста на вашите посебни барања со што понудувајќи ги услугите на нашите пред-квалификувани, и искусни информатичко-технолошки консултанти, како на краткорочни така и на долгорочни задачи, нудиме технички консалтинг кој ќе му помогне на вашиот ИТ сектор во евалуирањето на вашита актуелна софтверска имплементација како и препораки за да се подобри истата, евалуација и оценка на потребите, совети при селектирањето на соодветната технологија и алатки, решенија за проектен менаџмент, како и развој на комплетни веб апликации и софтверски производи.
CMS (Content Management System) е софтвер (веб апликација) која се користи за да се контролира динамичната содржина на веб материјалите (HTML документи, слики и други типови на медиуми). CMS софтверот овозможува контрола на документите, верифицирање, уредување, и временски менаџмент. Исто така ви овозможува да ги: лесно менувате содржините на веб страната, унапредувате веб стандардите, менаџирате на работните текови, делегирате, менаџирате документите, виртуелизирате на содржинате, повеќејазични можности итн. CMS софтверот е доста едноставен во самиот изглед такашто било кое лице може да го користи и да ги уредува содржините на нивната веб страна.
CRM (Customer Relationship Management) софтверот е алатка којшто ги комбинира бизнис логиката и продажните процеси. Овој систем ги евидентиа сите ваши потрошувачи заедно со релевантните податоци за истите, а се поврзани со производите или услугите што ги нуди вашата компанија. Интегрираниот модул за инвентар ви овозможува да ја следите вкупната продажба, соодветно на потрошувачите коишто ги имаат направено купувањата. Покрај ова ви овозможува да правите налози за продажба и набавка, како и наводи и фактури. Информациите коишто ги добивате од овие документи можат да бидат имплементирани во модулот за Анализа којшто ќе ви помогне да извлечете најразлични статистички податоци во зависност од вашите моментни интереси. Тоа претставува софтвер којшто гарантира понатамошен развој на вашиот бизнис и севкупна зголемена профитабилност.
Adamantus ви ја нуди услугата за имплементирање на E-commerce софтвер којшто може да ја претвори вашата веб страна во онлајн продавница.
Како одговор на воведувањето на ISO и HACCP стандардите, Adamantus ви нуди софтвер преку кој ќе можете да го автоматизирате комуникациискиот канал за производствените процеси во вашата компанија. За поефикасно работење и централно контролирање на процесот на производство ви нудиме софтвер односно интегриран систем за централно менаџирање на производствените процеси, функции, одговорности, нарачки, клиенти, контрола на квалитет, како и увид на сите акции во електронскиот систем.









