5 причини зошто Adamantus
-
свежина на македонскиот пазар
На македонскиот пазар му беше потребна компанија која што ќе постави нови основи за работење и која што ќе воведе еден свеж пристап кон изведба и имплементација на решенија специфични за потребите на клиентот. -
трансфер на технологии
Адамантус е горд што може да каже дека е пионер во имплементирањето на технологии што се користат во светот и придонесува кон унапредување на истите. -
светски најдобрите дизајнери
Соработуваме со најдобрите дизајнери од светот, за дизајнот на вашиот продукт ќе се грижат луѓе со повеќе годишно искуство во дизајнирањето. -
иновација
Адамантус ги користи најновите технологии во интернет програмирањето и дизајнот на веб страни, а може да се пофали и како пионер и иноватор во некој области како во javascript програмирањето. -
одговараме на предизвиците
Во работата со модерната технологија секогаш се појавуваат проблеми кои што треба да се решат, Адамантус е со мотото “Ако го нема направено, ќе го измислиме”, не постојат проблеми кои што не можеме да ги надминеме.
Услуги
Малите бизниси кои користат Интернет растат за 68% побрзо отколку оние кои не го користат. Нашиот оддел за развивање на веб страни, ви ги нуди најдобриот дизајн и графичка обработка.
Најважно од се, ние го креираме вашиот веб сајт да биде ефективен. Нашиот пристап кон дизајнирањето е креирање сајт кој ќе покаже со што всушност се занимава вашиот бизнис, кои се производите или услугите што ги нуди, а сето тоа на прецизен, јасен и визуелен начин.
Не секој клиент ги има истите потреби, буџет и временски распоред, па затоа секогаш максимално ги прилагодуваме нашите услуги за неговите специфични барања.
Нашите маркетинг услуги се прилагодени според потребите на вашата компанија. Внесуваме ниво на разбирање и увид во проблемите со кои се соочувате и нудиме решенија кои ќе ве донесат поблиску до вашиот клиент.
Маркетинг услугите опфаќаат веб дизајн, хостинг, регистрација на домеин, e-mail регистрација, дизајн на корпоративен идентитет (лого), дизајн на промотивна литература (каталози, брошури, памфлети, флаери итн.), дизајн на визит картички и слично.
Ние веруваме дека успешните резултати се дело на искусните тимови. Нашиот професионален тим од бизнис и технолошки консултанти нуди широк спектар на знаења и вештини, кои комбинирани со функционалното и индустриското искуство, ефективно служи на комплексните консултантски потреби, како и потребите за стратегиско планирање на нашите клиенти за софтвер, веб страни, дизајн на бази на податоци и развој на софтверски решенија. Поседуваме флексибилност која во целост ќе ја пресретне разновидноста на вашите специфични барања. Нудејќи ги услугите на нашите пред-квалификувани и искусни информатичко-технолошки консултанти, како на краткорочни така и на долгорочни задачи, овозможуваме технички консалтинг кој ќе му помогне на вашиот ИТ сектор во евалуација на вашата актуелна софтверска имплементација како и препораки за нејзино подобрување, проценка на потребите, совети при селектирањето на соодветна технологија и алатки, решенија за проектен менаџмент, како и развој на комплетни веб апликации и софтверски производи.
CMS (Content Management System) е софтвер (веб апликација) кој се користи за да се контролира динамичната содржина на веб материјалите (HTML документи, слики и други типови на медиуми). CMS софтверот ви овозможува контрола на документите, верифицирање, уредување и временски менаџмент. Исто така ви нуди опција за лесно менување на содржините на веб страната, унапредување на веб стандардите, менаџирање на работните текови, делегирање, менаџирање на документи, виртуелизирање на содржините, повеќејазични можности итн. CMS софтверот е доста едноставен, а со тоа овозможува негово користење од страна на секое лице за уредување на содржините на нивната сопствена веб страна.
CRM (Customer Relationship Management) софтверот е алатка која ги комбинира бизнис логиката и продажните процеси. Овој систем ги евидентира сите ваши потрошувачи заедно со релевантните податоци за истите, поврзувајќи ги со производите или услугите што ги нуди вашата компанија. Интегрираниот модул за инвентар ви овозможува да ја следите вкупната продажба, соодветно на потрошувачите кои имаат направено купувања. Покрај ова, ви овозможува да правите налози за продажба и набавка, наводи и фактури. Информациите кои ги добивате од овие документи можат да бидат имплементирани во модулот за анализа што ќе ви помогне да извлечете најразлични статистички податоци во зависност од вашите моментални интереси. CRM-от претставува софтвер што гарантира понатамошен развој на вашиот бизнис и севкупна зголемена профитабилност.
Adamantus ви ја нуди услугата за имплементирање на E-commerce софтвер кој ви ја нуди можноста да ја претвори вашата веб страна во онлајн продавница.
Како одговор на воведувањето на ISO и HACCP стандардите, Adamantus ви нуди софтвер преку кој имате опција да го автоматизирате комуникацискиот канал за производствените процеси во вашата компанија. За поефикасно работење и централно контролирање на процесот на производство, ви нудиме софтвер, односно интегриран систем, за централно менаџирање на производствените процеси, функции, одговорности, нарачки, клиенти, контрола на квалитет, како и увид на сите акции во вашиот електронскиот систем.









